Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишниот Ј.Ј. од Пробиштип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.
Според пријавата, на 03.07.2026 година, пријавениот во подолг временски период ја вознемирувал В.Н., нејзината сестра и мајка, упатувајќи им закани.
Во два наврати, со употреба на електрошок, тој наводно изнудил вкупно 110.000 денари од трите жени.
Од МВР информираат дека против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.