365 дена јадел риба за да види дали навистина е толку здрава - резултатите го шокирале
Сигурно сте слушнале за бројните студии кои го потикнуваат користењето на омега 3 масните киселини бидејќи тиe го намалуваат нивото на триглицериди, висок крвен притисок и ризик од инфаркт.
И не само тоа, експертите препорачуваат во исхраната да вметнете риби и тоа особено оние кои живеат во ладна вода - лосос, скуша, туна. Нутриционистот Пол Гринберг одлучил да направи експеримент и да види колку овие риби се навистина здрави за нашиот организам.
Тој една година јадел само риба и морски плодови и за тоа време имал 700 "здрави" оброци, своето искуство го документирал во филмот "The fish on my plate". Пред да го почне експериментот бил на лекар направил крвна анализа како би ги споредил резултатите на крај.
Имав проблеми со висок крвен притисок. Проблеми со холестерол, депресија и спиење. Тоа се сите работи за кои омега 3 индустријата вели дека помага, рекол Гринберг. На крајот од експериментот, повторно посетил доктор и верувале или не затекнал исти резултати.
Иако се чуствувал и изгледал подобро, Гринберг не само што не ги решил проблемите кои ги имал туку крвниот притисок му пораснал, што може да биде резултат на зголеменото конзумирање на соли.
"Секој поединец е различен и на клиничките извештаи за холестерол, крвен притисок и триглицериди, можат да влијаат разни фактори како што се начинот на живот, исхрана, физичката активност, стрес итн", следел брз одговор од Глобалната Организација за ЕПА и ДХА Омега 3 - киселини.
Без разлика на се, омега 3 индустријата само во САД вреди импресивни 30 милијарди долари. Близу 19 милиони луѓе во текот на 2012. година конзумирале омега 3 масни киселини, додека во 2016 забележен е раст на продажбата на суплементи со овие масни киселини.
Ново на Сител
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево
-
14-годишник ненадејно починал во битолско, му се слошило додека бил на роденден
-
Галант го информира Блинкен за операцијата во Рафа
-
УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот
-
Претседателката ќе се придржува до официјалната примена на уставното име, во јавни настапи има лично право на самоопределување, велат од кабинетот на Силјановска Давкова
-
Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат