25-годишното момче на ќерката на Заев добило лиценца за одгледување марихуана

Скандалот „Канабис-милионите на Заев” зема се поголем замав. Денес ќе објавиме уште едно име кое добило лиценца, а е многу блиско до Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција, Ружица Николовска од ВМРО-ДПМНЕ.
Фирмата „Лајф плант” од Струмица, земала лиценца за одгледување канабис. Сопственик во фирмата Лајф плант се јавува извесен млад лик од Струмица Иван Проданов. Нашите информации говорат дека Иван Проданов е момчето на ќерката на Зоран Заев, Александра Заева.
Значи еве јавно го прашуваме Зоран Заев, дали неговата Влада доделила лиценца за одгледување канабис на неговиот иден зет Иван Проданов, кој има само 25 години и кој зад себе нема ниту еден сериозен бизнис?
Исто така ако се земе во предвид дека за бизнис со марихуана потребни се милиони евра за инвестиција, прашуваме дали можеби семејството Заеви е спонзор на младиот Иван Проданов кој е иден зет на Зоран Заев и дали младиот Проданов е само параван за уште еден бизнис на Зоран Заев? Ова е начинот на функционирање на семејството Заеви.
Сами на себе да си доделуваат лиценци и тендери. Доколку навистина Заев доделил лиценца за одгледување на канабис на неговиот иден зет, Антикорупциската комисија и институциите ќе имаат полни раце работа. Заев е потребно да ги разгледа овие работи и да размисли.
Затоа е потребно на 12 април граѓаните масовно да гласаат за пад на оваа Влада на Заев и СДСМ. Заев и СДСМ се виновни за се што се случува во Република Македонија, истакна Николовска.
После 12 април следува обнова и ревизија на сите овие сомнителни лиценци кои ги доделил Зоран Заев, додава Николовска
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
-

ЦУК: Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни
-

Истражна постапка и притвор за синот кој е осомничен дека си го убил таткото
-

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички
-

Шумски пожар кај село Бајково на Огражден, загрозена е и црквата Св. Петар и Павле
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
