231 км/ч e најголемата брзина регистрирана од камерите на „Безбеден град“

Системот „Безбеден град“ уште во првиот ден регистрирал екстремно пречекорување на брзината – автомобил летал со 231 км/ч на скопската обиколница. На 1 декември биле забележани 110.000 прекршоци, а следниот ден бројката се преполовила, но и понатаму најчести се прекршувањата на брзината.
На вториот ден е измерена и друга рекордна брзина од 209 км/ч, а најмногу прекршоци за брзо возење се евидентирани кон излезот за Тетово 4.300 и на булеварот „Никола Карев“, попознат како пластичарска улица, 3.000 прекршоци.
Системот предизвика реакции, бидејќи многу граѓани добија опомени за возење од 51–52 км/ч, што отвори дебата за потреба од толеранција и подобра сигнализација. Министерот Тошковски призна дел од слабостите и најави можност за продолжување на тест-периодот, но истакна дека санкции ќе има за сите, без исклучок – вклучувајќи и службени возила кога не се во службена потреба.
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
