20-годишно момче од Косово се удави во Караниколичко езеро

На 28.08.2020 во 14,50 часот било пријавено во Полициската станица за Граничен надзор Попова Шапка дека на територијата на нашата земја Ф.А. (на возраст околу 20 години) од Р.Косово заедно со уште неколку други лица од Косово илегално влегле во Република Северна Македонија по што влегле да се капат во „Караниколичко езеро“, при што, според пријавеното, Ф.А. се удавил, соопштуваат од МВР.
Едно од лицата се вратило во Р.Косово каде го пријавил настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена ПСГН Попова Шапка.
На 29.08. околу 09,00 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хелихоптер пристигнале на местото на настанот и од водите на езерото било извадено телото на Ф.А..
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во Полициската станица Тетово за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Болеста меѓу овците се шири вакцините се уште ги нема
-

СДСМ бара проширување на истрагата за возачот на Јанушев
-

Што значи победата на АФД на покраинските избори во Германија
-

Ново рочиште за „Лотарија“ – Груби на обвинителната клупа
-

Скопје подготвено за Дејвид Гета
-

Чествување на 8 Септември во кабинетот на претседателката
-

Се намалува бројот на вакцинирани деца во Прилеп, постои опасност од враќање на веќе искоренети болести
-

Пастрмајлијада 2026: Два дена, две локации, еден бренд
