17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

На 19.09.2026 во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола-Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел" со битолски регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд" со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(48) од с.Долно Српци, општина Могила.
На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола. Возачот на возилото „опел“ Е.Ф., како и 44-годишната Д.Н. и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот М.Н..
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Ново на Сител
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Тема на денот со д-р. Драган Даниловски, епидемиолог
-

Центар за управување со отпад против еколошкиот хаос
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија утре избира нов парламентарен состав
-

Дали исходот на претседателските избори во Бугарија може да влијае на односите со Македонија?
-

Масовни протести и немири и денеска ја тресат Европа
-

Предупредувањата на премиерот треба да се сфатат сериозно - велат експертите
