12-годишниот Ајдин од Босна со изведбата на песната ,,Јано Мори" ги стопли срцата на сите Македонци
Изведбата на традиционалната Македонска песна ,,Јано Мори” од грлото на малиот Ајдин Османовиќ од Босна под водство на неговиот професор по музичко, Јасмин Брашниќ, ги стопли срцата на сите Македонци ширум светот.
Објавата на професорот Јасмин на социјалните мрежи во кое Ајдин ја пее ,,Јано МориЌ има веќе милион прегледи и голем број коментари за поддршка.
Стапивме во контакт со професорот Јасмин, кој заедно со малиот Ајдин ни раскажаа како Македонската музика се најде на часот по музичко во Сребреник, Босна.
Ајдин иако се уште не бил во Македонија, многу ја почитува и сака Македонската култура и музика а посакува набрзо и да ја посети нашата земја.
Двајцата се благодарни за целата поддршка која ја добиваат и порачаа дека Македонската музика и понатаму ќе се наоѓа на нивните часови, а професорот Брашниќ е убеден дека малиот Ајдин ќе има светла иднина.
Веќе вечерва на профилот на професорот Јасмин ќе објават нов видео запис и песната Зајди Зајди во изведба на Ајдин.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Беџети: Европскиот фронт ќе се проширува
-
Вевчани инспирација за уметниците
-
26 годишен Македонец лани загинал во Чешка, братот бара одговори за причината за смртта
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-
САД ги нападнаа трите клучни нуклеарни објекти на Иран
-
И покрај силната дипломатска активност на Софија Мицкоски е убеден дека извештајот на Вајц ќе добие поддршка
-
СДСМ: „Македонија понижена“ – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ