Живот
10. јуни 2017 - 8:53

Зошто автопроизводителите навраќаат во архивите по „нови“ идеи

Марк Твен еднаш рекол: „Не постои нешто такво како нова идеја. Тоа е неможно. Едноставно, земаме куп стари идеи и ги ставаме во еден вид на ментален калеидоскоп. Ги завртуваме и тоа создава нови и интересни комбинации“.

Ќе ви простиме ако си помислите дека автомобилската индустрија се престрои за да ја провери теоријата на познатиот писател. Минатата недела, Бе-Ем-Ве го искористи престижниот настан Конкур Д елеганс на езерото Комо во Италија за да навести концепт за својата претстојна серија 8 – враќање на знакот кој последен пат бил користен пред повеќе од 17 години.

Оживување на архивите

Искрено кажано, повторното раѓање на серијата 8 навистина е оживување на овој сегмент со кој големиот купе со две врати се води на повисока скала за да се отвори простор за сегашната серија 6 да стане нешто друго.

Но ова не е првпат германскиот автпрпоизводител да се нурне во архивите по „нова идеја“.

Тие потрошија милијарди долари за повторно да го оживеат брендот Мини, ги искрчкаа остатоците кои го направија овој британски автомобил глобално познат и ги издестилираа во модерен производ. Дури и без да размислуваат за конечно производство, тие и претходно ги искористија Конкур настаните за да ги претсават концептите „омаж“, дрското навраќање на суперавтомобилот М1, на 3.0 ЦЛС и на салон моделот 2002.

Постојат мноштво докази дека поголемиот дел од автмобилската индустрија е онолку фиксирана на своето минато колку и на својата иднина.

Фолксваген, најмејнстрим автомобилскиот бренд, не дозволија 21-те милиони „буби“ да останат неиспочитувани – па скоро 60 години од почетокот на производството на оргиналната, германскиот бренд започна негова реинкарнација, наречена „нова буба“.

За возврат, таа пак поттикна создавање на нејзин наследник, која и денес се продава. А Фау-Ве не сопре тука: барем еден од следната палета на целосно електрични возила ќе биде тивко потсетување на иконскиот „микробус“ („транспортер Т-1“).

Италијанскиот автопроизводител Фиат отиде до екстрем: тие постигнаа огромен успех кога го оживеаја класичниот модел 500 градски автомобил во 2007 година, што оттогаш скоро целата оваа линија на производство се постави на автомобилите од оваа класа – тоа е опасен случај на ставање на многу јајца во иста кошничка, велат некои аналитичари во оваа индустрија.

Повампирување на стари идеи

ДНК-то на Ленд Ровер постои во бебето Ренџ Ровер – Евок – но автомобилот стана хит затоа што презема многу нешта од ригидните оф-роуд карактеристики и ги напика во пожелен, ултрамодерен кросовер.

Истото се однесува на сетсринската фирма Јагуар, чии автомобили од крајот на девеесетите сеуште изгледаа блиски на роднините автомобили кои се поризведуваа на почетокот на 70-ите. Под ракпводство на Иан Калум, дизајнерскиот тим во компанијата успешно ја продолжи таа линија, и создаде автомобили како Ф-пејс СУВ, која ја врати компанијата на профитабилни нозе.

Оставштината и „попречени иновации“

Оттука, дали е вистина дека премногу свесност за наследството всушност им попречува на иновациите? Под притисокот на рефлекторите, можеби пребрзо ја забораваме задачата на кој автомобил дизајнерите треба да работат.

Тие вообичаено на основа на брифинг од маркетинг одделот за тоа што бара јавноста, им се наредува да ги превртат „вредностите на брендот“ и стилските знаци кои ќе им овозможат на возбудените муштерии да загризат на она што допрва треба да се појави. Автомобилската технологија прилично брзо оди напред; поголем дел од сето она што ги опкружува еволуира со многу побавно темпо.

Потоа, тука е легислативата за безбедност, која ги води димензиите на автомобилите во се построг пакет од ограничувања.

Посебно, аглите околу врвот на фаровите и предниот браник се строго контролирани онака како што еволуираат и правилата за пешаците и тие се во сржта на секој нов нацрт на дизајнерите. И затоа што се друго од пропорциите на автомобилот почнува од тука. Ова исто така игра клучна улога во страничниот изглед и дизајн.

На крајот, тука постои најголемото наследство од сите досегашни дизајни на автомобилите. Фундаменталниот облик не е сменет еве повеќе од сто години: две седишта напред, едно наменето за лицето зад воланот, кој мора да може да гледа напред, настрана и назад.

Но ако автономните возила до 2030 година навистина ќе ни озвозможат да се движиме „без употреба на свеста“ наместо на скоро „без користење на рацете“ или „без очите“, од каде тогаш потребата сите да бидеме свртени со лицата напред? Или пак воопшто да има стакла на автомобилите?

Дали новите технологии инспирираат нови дизајни?

Главниот дизајнер на Фау-Ве, Клаус Бишоф, е најодговорниот за бавниот како полжав тек на стилската еволуција кај автомобилите како што е Голф.

Но тој смета дека автономните технологии и електричните мотори можат да бидат тој ослободувачки фактор кој може дури да го сопре и несопривиот развој на СУВ возилата.

-Можеби СУВ ќе почне во одреден момент да изгледа престаро, вели тој. „И луѓето ќе покажуваат со прст кон нив и ќе кажуваат „оној вози диносаурус“. Сега не е така, но силно сум уверен дека ќе гледаме сосема поинакви возила кога ќе стигнеме до нивото пет од автономијата, и кога ќе стане многу поотворена. Тука ќе помогнат и сите електрични платформи; новите пакувања каде ќе имаме само тркала на четирите краеви на шасијата е исто така рај за дизајнерите. Ќе можеме да ги движиме нештата во круг; тоа ни овозможува многу забава“.

Токму вго овие аспекти го гледаме вистинското значење на дизајнерите – да го прифатат моментот каде нивните шефови ќе престанат да продаваат автомобили и ќе почнат да продаваат „решенија за мобилност“.

Погледнете го концептот Седрик на групацијата Фолксваген – фитуристичка кутија на тркала – или Мерцедес Ф-015, самодвижечки луксузен салон. Или пак Вижн некст 100 на Бе-Ем-Ве, возило кое е светлосни години напред од неговите херои од славните денови од минатото (иако и тој на предната маска ги носи карактеристиките на компанијата – двојниот бубрег).

Во еден момент во далечна иднина, се разбира, производителите пак ќе се наврата на овие автомобили. Но во меѓувреме ако нивната слобода на изразување ќе тргне некаде да оди, ќе дојдеме до работ на периодот на неспоредлива креативност.