Женски марш против Трамп ширум светот
Повеќе илјади демонстранти во Австралија и Нов Зеланд се приклучија на Женскиот марш, кој се организира денеска ширум светот во знак на протест поради новиот американски претседател Доналд Трамп.
Во Мелбурн се собраа околу 5.000 жени и мажи, додека во Сиднеј околу 3.000 луѓе во Хајд паркот, од каде ќе заминат кон американскиот Конзулат.
Демонстрантите носат пароли на кои пишува „Се тепам како девојче“ и „Феминизмот е мојот одговор за Трамп“.
Една од организаторките Минди Фрејбанд изјави дека не се протестира лично против Трамп, туку против говорот на омраза, ксенофобијата, а Женскиот марш се организира со цел да се претстави заедничкиот став на сите жени ширум светот.
Претходно околу 2.000 луѓе мирно маршираа во четири градови на Нов Зеланд.
Во текот на денешниот ден се планирани околу 673 маршеви во светот, како и главниот протест во Вашингтон, каде се очекуваат повеќе од два милиона луѓе.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците