Зголемен приливот на мигранти и бегалци на грчките острови
На грчките острови во последните четири дена пристигнале повеќе од 500 мигранти и бегалци од Турција, јави „Катимерини“.
Според весникот, зголемувањето на бројот на нови пристигнувања нагло се зголемил по две недели во кои и покрај потоплото време бројот на нови бегалци бил оценет како минимален до нула.
Полициски извори за „Катимерини“ изјавиле дека е очигледно оти Турција во целост го контролира протокот на мигранти кон грчките острови и дека Анкара решава колку, кога и каде да ги испрати.
Се истакнува дека намалувањата на бројот на мигранти во последните 15 дена им дало можност на грчките власти да ги подобрат условите за живот во приватните центри на островите од каде илјадници луѓе се преместени во внатрешноста на земјата. И покрај се, камповите на островите се уште се преполни, коментира весникот.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата