Заврши 10. балканска Јуниорска олимпијада по информатика
Македонија од 17 до 22 септември беше домаќин на 10. Јуниорска балканска олимпијада по информатика за деца до 15,5 годишна возраст, на која учествуваа ученици од Македонија, Кипар, Словенија, Романија, Молдавија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија.
На затворањето на олимпијадата беа доделени четири златни, седум сребрени и 11 бронзени медали. Марко Ќаласан, од репрезентацијата на Македонија, освои сребрен медал, додека Јосиф Тепеѓозов, Андреј Величковски, Даријан Шеќеров, Филип Шијаков и Мила Ќосева освоија бронзени медали. Најуспешен учесник на олимпијадата е Молдавецот Габриел Којокару.
За првопласираните „Семос Едукација обезбеди четири ваучери за бесплатно тестирање за стекнување со официјални „Microsoft“ сертификати од „CertiAdria“.
Организатор на олимпијадата е Здружението на информатичари на Македонија, со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација и Семос Едукација.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори