Македонија
29. January 2024 - 16:03

Затвореник организирал, а мајка на друг осуденик внела хероин во КПУ Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.К.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, соопшти МВР.

Како што информираат оттаму, во септември 2022 година, додека пријавениот издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип, организирал набавка и внесување на хероин во затворот.

- На 10.09.2022, дрогата била пронајдена при проверка на пакет донесен од мајка на друг осуденик, додаваат од МВР.