Заев: Работиме да обезбедиме мнозинство под нормални околности
Собранието на Република Македонија по целодневно чекање за 21 часот го закажа продолжението на седницата на која треба да продолжи расправата за пристапување кон уставни измени за спроведување на Договорот од Преспа. Собраниската седница првично беше најавена за 12 часот, па одложена за 15 часот.
На излегување од Собрание премиерот Зоран Заев за ТВ 21 рече дека се прават обиди да се обезбеди мнозинство, но тоа да биде под нормални околности.
- Јас сум гостин. Како ќе се организира Парламентот, како ќе се закаже седницата тука сум. Се враќам во Влада да завршам работа, рече Заев во изјава за ТВ 21.
Претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по објавувањето дека седницата ќе продолжи во 21 часот испрати соопштение до јавноста во кое посочува дека „согласно Член 68 став 4 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, седницата на Собранието трае од 11 до 18 часот освен ако со писмо Претседателот на Собранието не одлучи поинаку.
– До овој момент, 18:30, немаме никакво известување и се смета дека денешната седница е завршена. Пратеничката група апелира до надлежните институции, особено до ЈО, да ги испитаат наводите изнесени во повеќе медиуми во текот на денот дека врз неколку пратеници во Собранието е вршен притисок и дека преку уцени, закани или понуди за поткуп се влијае врз нивната одлука за гласањето во однос на уставните измени, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено