Заев од Брисел: Кина и Русија ги користат неисполнетите ветувања на ЕУ
Премиерот Заев и денеска престојува со работна посета на Брисел каде ќе оствари средба со првиот човек на Европскиот Совет, Мишел како последен обид во седиштето на ЕУ да ги презентира македонските аргументи за формален почеток на преговорите за членство уште на јунскиот самит.
Македонскиот премиер вчера пред почетокот на средбата со европскиот шеф на дипломатијата Борел и работната вечера со лидерите на земјите од регионот порача дека Македонија ги заврши сите свои обврски што произлегуваат од листата со критериуми за почеток на преговарачкиот процес за пристапување во Европската Унија и сега го очекува она што и беше ветено.
Во интервју за бриселскиот магазин Политико пак Заев утрово вели дека неисполнетите ветувања и неуспехот со испораката на вакцини од страна на унијата им дава простор на Русија и Кина во земјите од регионот.
„Направивме многу жртви после кои ЕУ не испорачува и тоа е проблем. Покажуваме повеќе европски вредности и европски манири од самата ЕУ. Разочарувањето што се појави во последните пет до шест месеци може да се врати со силна порака за проширување, а Македонија и Албанија навистина заслужуваат да го направат следниот чекор“, вели Заев во интервјуто за бриселски Политико, потенцирајќи дека се надева на брзо решавање на спорот помеѓу Скопје и Софија кој го оценува како несуштински, со надеж дека во решавање на овој ќор сокак ќе помогнат и најмоќните западни земји, меѓу кои и американската администрација на Џо Бајден.
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд