-->
-->
За брзо возење санкционирани 921 возач
-->
Вкупно 921 возачи се казнети при денешната акциска контрола што ја спроведе Министерството за внатрешни работи (МВР) на територијата на целата држава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.
Од нив, како што информира МВР, 37 се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четворица со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 461 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 460 надвор од населено место.
Од МВР најавуваат дека и во наредните денови ќе продолжат сообраќајните контроли и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска
-
ИОМ: Повеќе од 670 загинати во лизгање на земјиштето во Папуа Нова Гвинеја
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не предвидува еднострано менување или поништување
-
ВМРО-ДПМНЕ: Се уште нема конечен договор со ЗНАМ
-
Најмалку 12 загинати и 43 повредени во рускиот напад на хипермаркет во Харков | ВИДЕО
-
Стоилковски: Дали причина за хаосот на Хирургија е системот за компримираниот воздух или има бактерија МРСА