Македонија
2. November 2015 - 16:19

За 16 ноември закажана собраниската седница за Буџетот за 2016

Владата на Република Македонија денеска до Собранието на Република Македонија го достави Дополнетиот предлог на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, соопшти Кабинетот на претседателот на Парламентот.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски свика нова пленарна седница за 16 ноември во 12 часот на која ќе се расправа за Буџетот на Република Македонија за 2016 година, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на македонското Собрание.