Македонија
6. January 2016 - 8:06

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд,

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Попладне, особено во текот на ноќта кон четврток ќе има обилни врнежи од дожд и локално се очекува да наврнат над 30 литри на метер квадратен.

Најмногу врнежи ќе има во западните и северните делови. На највисоките планини врнежите ќе бидат од снег, но во текот на ноќта и во утринските часови во четврток поради продор на постудена воздушна маса снежната граница ќе се спушти и до илјада метри надморска височина.

Утринската температура ќе се движи од три до седум, а дневната од седум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе облачно со повремен дожд кој ќе биде пообилен кон крајот на денот и во текот на ноќта.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Во четврток во текот на денот ќе дува наместа и засилен северозападен ветер што ќе услови намалување на облачноста, престанок на врнежите и опаѓање на дневната температура.