-->
-->
Времено во прекин сообраќајот за товарни возила на граничниот премин со Бугарија кај Делчево
-->
Сообраќајот за товарни возила преку граничниот премин Делчево - Станке Лисичково меѓу Македонија и Бугарија е времено во прекин од 17:10 часот во двата правци, соопшти бугарското Министерство за внатрешни работи.
Причина за прекинот се технички проблеми на граничниот премин.
Бугарското МВР додаде дека за излез од Бугарија чекале 25 товарни возила, а за влез три.
Од бугарската погранична полиција ги советуваат возачите на товарни возила, кои патуваат во правец кон Македонија да се пренасочат кон граничниот премин Златарево-Ново Село.
Македонското МВР потврди дека во прекин е товарниот сообраќај од бугарска страна и напомена дека патничкиот сообраќај се одвива нормално.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија