Во Тирана синоќа пристигна Доналд Туск
Претседателот на Советот на Европа,Доналд Туск, синоќа допатува во Тирана,која е една од петте дестинации од неговата балканска турнеја.
Истата, ја почна вчера во Белград а по Тирана ќе допатува во Скопје, Сараево и ја завршува со посетата на Загреб.
На тиранскиот аеродом тој беше пречекан од министерката за евоинтеграции Клајда Ѓоша.
Денеска претпладне ќе се сретне со албанскиот премиер Еди Рама по што за 11 часот е закажана заедничка прес конференција.Според албанските медиуми тема на разговорите е емиграциската криза во ЕУ како и слободното движење преку Шенген.
„Посетата на Доланд Туск на петте балкански земји има посебно значење порди порката која ќе ја донесе, особено за иднината на слободното движење во Шенген зоната,по предлозите за враќање на контролите на гранциите, наведува електронското издание на тиранскиот весник „Шекули“.
Оваа турнеја на Туск е прва негова официјална,откако на оваа функција го наследи Херман ван Ромпуј.
Во меѓувреме синоќа албанскиот претседател Бујар Нишани свика седница на националниот совет за безбедност во врска со превземените безбедносни мерки околу заканите за евентуални троситички напади во земјата.
Ново на Сител
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка