Во судири во Алепо и неговата околина 51 загинат
Најмалку 51 лице се убиени, меѓу нив и четири деца во Алепо и неговата околина вчера, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Жртвите се убиени во бомбардирања и други операции на силите, лојални на режимот на претседателот Башар ал Асад, руските сили, кои ги поддржуваат и бунтовничките сили.
Силите на сирискиот режим бомбардирале неколку квартови во источниот дел на Алепо, контролиран од бунтовниците и убиле 15 цивили, меѓу кои едно дете. Десетици се ранети.
Деветмина цивили, меѓу кои две деца се убиени во артилериски напад на бунтовниците во западните квартови на Алепо, кои се под контрола на режимот.
Дваесет и седум цивили, меѓу кои и едно дете се убиени во напади извршени од силите на режимот и од руски авиони во три села и градови во област западно од Алепо.
Ново на Сител
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата