Македонија
12. October 2015 - 16:59

Во Мала Речица се расчистуваат наносите од песок, кал и камења по поплавите

Во Мала и Голема Речица втор ден се расчистуваат наносите од градежен шут, земја и камења кои по силниот дожд надојдоа во саботата. По втор пат за нешто повеќе од два месеца овој пат во помал обем селата се соочија со истиот проблем. 
 
Акциониот план на Владата со кој ќе се уредат речните корита е дел од подолготрајното решение за избегнување на вакви последици. 
 
Шест лица од кои 4 деца ги узгубија животите,а  над 300 куќи беа оштетени во невремето на трети август.