Македонија
23. April 2024 - 16:54

Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица

Вкупно 1547 болни и изнемоштени лица од десетте општини во Југоистокот на државата денеска го остваруваат нивното право на глас за утрешните претседателски избори. Најмногу вакви  лица се пријавени во општина Струмица која согласно единствениот избирачки има и најголем број на избирачи. Од купно запишаните 49. 562 граѓани со право на глас , во домашни услови денеска гласаат 356 лица. Од избирачките одбори кои го спроведуваат гласањето на терен велат дека целиот процес минувал лесно и без проблем или пак некои нејаснотии.

Освен болните и изнемоштени, денеска гласаа и 140 лица кои се наоѓаат во затворите во Струмица и Гевгелија.

Во текот на денот сите избирачки одбори од југоисточниот регион го подигнаа изборниот материјал од општинските комисии и ги уредија избирачките места. Во овој дел на државата право на глас имаат 148.245 граѓани кои ќе може да гласаат на едно од 274 те избирачки места.