Свет
28. August 2015 - 20:27

Во ЦАР ослободени 163 деца-војници

Антибалака милицијата во Батафонга, Централноафриканска Република (ЦАР) денеска ослободи група од 163 деца-војници, од кои пет девојчиња, соопшти УНИЦЕФ.

Вооружените централноафрикански групи од мај, по потпишувањето на договор со УНИЦЕФ, ослободија вкупно 645 деца-војници.

- Се надеваме дека до крајот на годината ќе бидат ослободени уште стотици деца, изјави претставникот на УНИЦЕФ во ЦАР, Мохамед Малик Фал.

Шефовите на осум вооружени централноафрикански групи, меѓу кои и христијанската антибалака милиција и поранешните муслимански бунтовници селека, главни протоговнисти во судирите, во мај презедоа обврска да ослободат неколку илјади деца-војници, за време на Форумот за национално помирување во Бангуи.

Според УНИЦЕФ од 2013 година бројот на деца-војници во вооружените групи во ЦАР се движи од 6.000 до 10.000.