Во Алепо во сила „хуманитарна пауза“
Во сирискиот град Алепо од осум часот по локално време (пет по Гринич) влезе во сила „хуманитарна пауза“, прогласена од Русија, со која на жителите ќе им се овозможи да го напуштат градот.
Москва вчера соопшти дека примирјето ќе трае 11 часа. Сириската армија вчера нагласи дека тоа ќе трае три дена.
Во Берлин, рускиот претседател Валдимир Путин рече дека е подготвен да ги прекине „колку е можно“ воздушните напади.
Генерал штабот на руската армија вчера соопшти за отворање осум хуманитарни коридори, шест за евакуирање цивили и болни и ранети и два за повлекување на вооружени бунтовници.
Сириската Влада соопшти дека ги повлекува војските од позиции од неколку реони во Алепо за да им дозволи на бунтовниците да ги напуштат источните реони од градот преку специјално формирани коридори.
Ново на Сител
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли
-
Албанија и Србија со кандидатура за заеднички домаќин на Европското првенство за млади во 2027
-
Ѓорческа ја елиминира првата носителка на фјучерсот во Трнава