Во Албанија се зголемува бројот и на возрасни заразени од морбили
Во Албанија, епидемијата на мали спаници добива пошироки размери. Освен деца на возраст до една година,кои поради возраста не се вакцинирани,се зголемува бројот на возрасни погодени од овој вирус.
Во Инфективната клиника во Тирана потврдуваат дека секојдневно, во просек, се јавуваат по седум случаи со симптоми на морбили,при што дел од нив се позитивни.
- Само во изминатите денови од месец март имаме 50 случаи со симптоми на морбили. Станува збор главно за пациенти кои не се вакцинирани. Моментно имаме само седум тешки случаи кои се хоспитализирани кај нас, со пневмонија, но за среќа немаме случај со енцефалит, вели доктор Арјан Харџи.
Според него, до сега регистрирани се 271 случај со морбили, поголемиот број деца на возраст до една година.Тоа значи дека само во март регистрирани се 85 нови случаи.
Во Албанија регистрирани се два смртни случаи како последица од морбили,едно четиримесечно и едно осуммесечно бебе
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи