ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги лаже граѓаните за да продолжи со неговиот криминален начин на владеење
Заев е срам за Македонија.
Не постои граѓанин кој не се чувствува непријатно кога го гледа Зоран Заев како лаже, ја потценува и манипулира јавноста.
Не постои чесен човек кому не му е одвратно кога го слуша Заев како се колне додека ја разграбува државата и бесрамно се богати заедно со своите блиски и своите соработници.
Додека Заев манипулира со граѓаните фирмите на Заеви вртат 56 милиони евра годишно.
Додека Заев лаже, тој го менува законот за да можат фирмите за производство на масло од канабис на кланот Заеви да остваруваат вртоглави профити.
Заев ги лаже граѓаните за да продолжи со неговиот криминален начин на владеење, за да можат камионите на кланот да работат за РЕК Битола и на патните правци низ државата и да земаат државни пари додека фирмите на граѓаните пропаѓаат.
Заев е прочитана книга. Никој повеќе не му верува. Граѓаните знаат дека зад лагите се крие само желбата за личен профит на кланот и луѓето околу нив.
Заев знае дека заминува во опозиција и затоа е во паника. Заев знае дека повеќе нема да може на криминален начин да го билда своето конто.
Доаѓа време за обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа