ВМРО-ДПМНЕ: Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот и парите од истиот ги троши на непотребни луксузи
Власта која ја зацрни државата не знае да менаџира со буџетот, парите од истиот ги троши на непотребни луксузи, стои во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
- Скоро 7 милијарди евра од буџетот на државата за две години се потрошени, на се и сешто, само за намалување на загаденоста на воздухот не. Власта се луксузира со купување на автомобили, дава 1.6 милиони евра за набавка на лубриканти, над 700 илјади евра за цвеќиња и кафе, илјадници евра на морски плодови и апетисани, а ниту денар за почист воздух. СДСМ на загаденоста на воздухот калкулира и собира дневно политички поени, тера политикaнство и си игра со животите на нашите граѓани. Оваа власт докажа дека нема намера ниту пак капацитет да го реши овој проблем, затоа народот ќе ги казни, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.
Ново на Сител
-
57 вработени на Токсикологија бараат одговорност од организациската директорка Бесија Иљази
-
Импровизираниот луна парк се уште не се демонтира - На потег УЈП и ДПИ
-
Судот му го одзема пасошот на обвинителот Иџет Мемети, тој негира дека е вмешан во случајот со мито
-
ДКСК бара одговорност од Габер, директорката на АСЈО тврди по одлуката на судот запрен е процесот на тестирање
-
Во ОКТА отворен центар за обука од областа на противпожарната заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
Силјановска на средба со папата во Ватикан
-
Судот му го одзема пасошот на Мемети