Македонија
29. March 2024 - 13:57

ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција

Христијан Мицкоски соопшти дека денес е потпишана Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“.

Застануваме зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија!“, напиша Мицкоски на фејсбук.