Бизнис
25. November 2019 - 11:30

ВМРО - ДПМНЕ: Буџетот е скроен за поткуп, а не за развој

Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт во април, веднаш ќе направи ребаланс и ќе заврши расипничкото трошење пари, вели Никола Мицевски.

Опозицијата обвинува дека буџетот е расипнички. Премиерот Заев и министерката за финансии Ангеловска одвојуваат многу повеќе пари за плати во администрација, отколку за капитални инвестиции, чија реализација е најлоша до сега.

Инаку, денеска започнува комисиската расправа за буџетот за идната година.

 

Мирјана Јовеска