Владата планира доделување лиценци за лекување со матични клетки
Можности за евентуален ангажман на странски експерти, со корисење на постојните здравствени капацитети и постигнување евентуални заштеди во ФЗОМ треба да отворат предлог-одлуките за почнување постапка за доделување лиценци за земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување, што вчера беа разгледувани на владина седница.
- На ваков начин се отвара можност, само можност да се види дали може да донесеме експерти доктори од надвор, да се користат постојните капацитети на здравствениот систем и евентуално да има заштети во ФЗОМ, со тоа што кај нас би се правеле дел од оние услуги што во моментов не се вршат кај нас, а Фондот плаќа граѓаните да ги направат во странство, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
На вчерашната седница на Владата бил утврден текст на предлог-одлуки за почнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови.
Во целите на иницијативата на Министерство за здравство, на чиј предлог биле одлуките, се обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, географска достапност на здравствените услуги, подобри здравствени капацитети и континуирана и квалитетна здравствена заштита.
Ново на Сител
-
Дали градинките не треба да примаат родители на завршните приредби поради голема кашлица?
-
Македонските водичи бараат поголеми контроли од инспекторите
-
Националната мрежа на земјоделци бара системски решенија за македонскиот аграр
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија