Влада: Продолжуваме да создаваме услови за уште подобри рангирања во „Репортери без граници“
Владата попладнево преку соопштение информира дека ги зема предвид укажувањата на „Репортери без граници“ и најавува дека во соработка со медиумските организации и медиумите, ќе продолжи да создава услови за натамошни подобрувања и повисоки рангирања на Светската листа на слободата на медиумите.
– Владата на Република Македонија, како и до сега, сите следни чекори за медиумски реформи ќе ги носи во широка консултација со медиумските експерти од медиумската сфера, се наведува во соопштението од владината прес- служба.
Од Владата посочуваат дека во извештајот е наведено оти повисокото место на земјава на Светската листа на слободата на медиумите е резултат на самоорганизирањето на медиумските организации кои го донеле Регистарот на професионални онлајн-медиуми, како и на напредокот во однос на условите за работа утврдени во Повелбата за услови за работа за новинарите и нацрт фер-договорите за вработување во дигиталните медиуми промовирани од Независниот синдикат на македонски новинари и медиумски работници (ССНМ) во соработка со ЗНМ и СЕММ.
Во однос на забелешките за реформите во националниот радио-телевизиски сервис, од Владата посочуваат дека реформите не се реализирани поради блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, а во однос на толкувањата за владиното рекламирање потенцираат дека уште во 2017 година е целосно стопирано владиното рекламирање што претходната власт го користела за влијание врз медиумите.
Ново на Сител
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот
-
Почна конститутивната седница на Собранието
-
Кучињата скитници „рак рана“ за штипјани
-
Викендов ќе се одржи адреналинскиот фестивал „SAMOKOV XTREME“ за промоција на убавините на Поречието
-
Преглед на вестите од светот