Виртуелна тура: Македонија отсега на Google Street View

Почнувајќи од денеска можете виртуелно да го истражувате центарот на Скопје, да шетате низ Битола или да му се восхитувате на Охрид – градот на бисерите со лансирањето на новата Street View галерија во Македонија.
Од живописните планински слики од Маврово и Ростуша, до прекрасното Охридско Езеро или Камениот мост во Скопје, 360 панорамските слики ги покажуваат некои од најважните туристички и историски локалитети и природна убавина на земјата.
Македонците како и луѓето од целиот свет може да прават планови за патување, да ги проверат рестораните пред да пристигнат, да договорат место за средба или само да истражуваат и подобро да се запознаат со областа.
Марта Арсовска Томовска, Заменик министер за Информатичко општество и администрација на Република Македонија, вели: Многу сме возбудени со најавата од Google да го лансира Street View Македонија. Ни претставуваше задоволство да асистираме при собирањето на сликите од Македонија во текот на измината година и со нетрпение очекуваме корисниците на Google од Република Македонија и од целиот свет лесно да се движат низ земјава. Како што туризмот е една од најбрзо растечките економски сектори во Република Македонија и со зголемување на бројот на странските туристи за 16% во 2015 година, очекуваме дека Google Street View ќе придонесе и за културниот, езерскиот, планинскиот, спортскиот, винскиот, археолошкиот, верскиот, руралниот и еко-туризмот."
„Доколку ги следите гигантските чекори на новата технологија, тоа во секој случај е добро институционално управување. Сепак, се наметнуваат повеќе одговорности, со оглед на тоа дека се работи за приватност и заштита на податоци и на овој начин имаме предвид преземање на чекор по чекор напори. Ние, како Институција за заштита на податоците сме длабоко убедени дека соработката со ентитети како Гугл во овој сегмент е силно утврдување во градењето на цврст систем за заштита на податоците во земјава", изјави Димитар Ѓеорѓиевски, Директор на Дирекција за заштита на личните податоци
Локалните бизниси, исто така може да имаат корист од Street View технологијата со бесплатно вградување на Google Maps директно во нивниот веб-сајт, помагајќи им да промовираат сместувачки опции или да информираат за рестораните, туристичките места и точки со историско и културно значење.
За повеќе информации за Street View и како може да се користи за рекреативни и деловни цели ве молиме посетете ги линковите: https://www.google.mk/maps/about/behind-the-scenes/streetview/privacy/ и https://www.google.mk/maps/about/behind-the-scenes/streetview/
Ново на Сител
-

Гоце Тодоровски ќе биде погребан денеска
-

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи
-

Анкета: Само една третина од Американците ја поддржуваат војната со Иран
-

Уапсен 19-годишниот Македонец кој се бараше за обид за убиство на член на Шкаљарскиот клан
-

Трамп во Белата куќа ќе ги прими Нетанјаху и Зеленски
-

Запленети 5.000 штеки цигари вредни девет милиони денари на ГП „Богородица“, приведен е возачот
-

Мбапе им се обрати на Французите по СП 2026 година: Се вративме дома без трофеј, и ќе биде вака уште некое време
-

Полициска акција во Кочани и Виница: 59 санкции, три лица приведени
