Свет
26. March 2018 - 14:01

Вилијамсон: Единството на земјите на НАТО и на ЕУ се силна порака до Путин

 Британскиот министер за одбрана Гевин Вилијамсон изјави дека обединетиот став на светот за случајот со труење на поранешниот шпион Сергеј Скрипл и неговата ќерка Јулија е силна порака до претседателот на Русија, Владимир Путин.

- Претседателот Путин сакаше да направи раздор помеѓу Велика Британија и нејзините сојузници и да покаже дека сме осамени во својот став. Факт е дека сите земји членки на НАТО  и на Европска унија ја поддржаа Велика Британија, мислам дека тоа е најдобар одговор кој можевме да го дадеме, посочи Вилијамсон.

Велика Британија ја обвини Русија за труење на Скрипл и неговата ќерка на 4 март во градот Солзбери, а Вилијамсон изјави дека на светот му е доста од Путин и руското демантирање