„Вијести“: Црногорската опозиција ќе бара од Вујановиќ нови избори
Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ за утре закажа консултации со парламентарните партии за мандатар, а опозициските партии најавија дека од него ќе бараат мандат за состав на преодна Влада која, без Демократската партија на социјалистите (ДПС), како што наведуваат, ќе организира нови избори кои би биле фер и демократски.
Опозициските партии денеска ќе одлучат за тоа кој ќе оди кај Вујановиќ, а станува збор за Демократскиот фронт, Социјалдемократската партија (СДП), Демократите и коалицијата Клуч, пишува „Вијести“.
На денешниот состанок на опозицијата би требало да биде договорено кој ќе биде претставник на разговорите со Вујановиќ.
Имено, владејачката ДПС на Мило Ѓукановиќ непосредно по соопштувањето на резултатите го одреди за мандатар заменик претседателот на партијата Душко Марковиќ.
Ново на Сител
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори