-->
-->
Версајската палата повторно евакуирана поради закана за бомба
-->
Версајската палата денеска повторно е евакуирана поради анонимна закана за бомба, соопшти управата на туристичката атракција во близина на Париз, цитирана од ДПА.
Како што објави ДПА, полицијата ги претресува просториите на палатата на француските кралеви.
Ова е седмо затворање на „Версај“ во рок од осум дена поради закани за бомб. И покрај тоа што еден осомничен е веќе уапсен, пријавите продолжуваат, а за сите досега е потврдено дека се лажни.
Во текот на изминатите неколку дена, стотици училишта во Франција, како и регионалните аеродроми, беа принудени да затворат поради лажни пријави за поставени експлозивни направи.
Властите соопштија дека многу од заканите биле упатени од млади луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници