Балкан
25. September 2015 - 16:41

Ведрана Рудан - Мигрантите се манипулирани, тоа е вовед во војна

Европа сака Балканот да го рпетвори во концентрационен логор за мигрантите, вели во својата последна анализа позната хрвтаска колумностка, новинарка и писателка Ведрана Рудан. Според неа, оние кои се најмногу одоговрни за кризата бегаат од последиците додека сиромашните балкански земји го носат целиот товар.

„Ова што се случува со мигрантите е пред се војна на САД против Европа. Американците повторно се здружија со богатите Арапи кои не ги сакаат своите сонародници во своите држави. Уште повеќе, тие им плаќаат да бегаат од Европа.

Сите овие несреќници кои ги гледаме по Србија и Хрватска сигурно немале пари за да платат бродови, автобуси и такси за да дојдат до Европа. Тоа се сиромаси на кои некој им платил да си одат од нивната земја. хрватска е мала и беспомошна земја, Србија исто така. Кој се осудува да им замери на оние кои се гладни, голи, боси што не им помагаат на себе сличните? Со што би им помогнале? Европа сигурно сака Балканот да го претвори во концентрационен логор за Сиријци, Иранци и останати.

Но Европа се зафркнала затоа што и самите бегалци не сакаат да останат на Балканот. Предвидувам изопачена војна во Европа која ќе се води со различни средства.

Овде упорно се заборава кој е виновен за се ова. Виновна е токму таа „развиена“ европа, виновни се САД, виновни с ебогатите арапски држави. Зошто Србија и Хрватска би требало д апримат 10.000 бегалци и д абидат љубезни кон нив, а САД можеби идната година ќе прими 12.000? Тоа е една неверојатно лицемерна приказна. Некој тоа го гледа, некој не.“ пишува Рудан во својата анализа.