Македонија
23. August 2016 - 20:45

Вечера погледнете во небо, кој ќе ги види солзите на Св. Лаврентиј

Времето на маченичката смрт на архиѓаконот на Римската црква Лаврентиј е годината 258. Во овој период христијаните во градот Рим се гонети особено жестоко, посебно епископите. Во текот на жестоките прогони во тоа време беше затворен и Лаврентиј. Во затворот се сретна со некој долгогодишен затвореник Лукилиј, го исцели од слепило и го крсти. А кога управникот на затворот Иполит дозна за ова и самиот поверува во Богот наЛаврентиј. Лаврентиј и во затворот никако не попушташе во исповедањето на Христа. Дури и императорот го прекори за неговата празна вера во идолите и го уверуваше дека христијанскиот Бог е единствениот жив Бог.Лаврентиј беше ставен на тешки маки, на кои најпосле им подлегна. Неговите мошти ги зеде Иполит и ги погреба во една пештера. Три дена подоцна како христијанин беше погубен и управникот на затворот Иполит.

Народот многу го почитува зошто кога бил во занданата, во која бил фрлен како христијанин, со солзите лекувал од слепило со допир на рацете. Умрел на тешки маки, но со верба во Хриата уште поцврста од порано. Бидејќи пред смртта срковните драгоцености ги скрил од безбожните, се смета и за заштитник на библиотекарите. И покрај маките кои ги поминал, секогаш бил со ведар дух и народот верува дека треба повеќе да се смеат.

Солзите на Свети Лаврентиј

Постои еден интересн обичај врзан за денот на Св Лаврентиј. Бидејќи паќа во август неговиот ден, месецот познат по метеорските дождови кои го шараат и разубавуваат небото, старите тоа го толкувале како „солзи на Св. Лаврентиј“:

Се верува дека кој ноќеска ќе види ѕвезда што паѓа, може од светецот да побара исполнување на една желба. Тој сигурно ќе ја слушне и исполни.