„Вечер на ЕУ“ на „Охридско лето“ со концерт на австрискиот пијанист Роберт Лербаумер
Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со традиционалниот концерт „Вечер на ЕУ“, на која ќе настапи австрискиот пијанист Роберт Лербаумер.
Лербаумер кариерата ја започнува на само деветгодишна возраст кога се појавува на музичките сцени во Австрија, Германија и Швајцарија. Оттогаш неговите настапи (најпрвин како пијанист, а подоцна и како диригент и оргулист) стануваат сè почести и го водат во речиси сите европски земји, каде што соработува со најпрестижните светски оркестри.
Паралелно со пијанистичката дејност тој успева да се прослави и како одличен диригент и оргулист. Солистички има настапувано со диригенти од светски ранг како Клаудио Абадо, Јехуди Менухин, Андре Превин и други, а соработувал и со истакнати изведувачи меѓу кои со Волфганг Шнајдерхан, Фридрих Гулда, Волтер Бери, Антон Дермота.
Редовен учесник е на фестивали, има направено и повеќе снимки за радио и телевизиските станици, а неговата музика е документирана и на грамофонски плочи и компакт дискови. Постојано одржува интернационални мајсторски курсеви во целиот свет. Моментално работи како професор на конзерваториумот „Прајнер“ во Виена. Добитник е на повеќе награди и признанија.
На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се дела на Лист, Шуман, Брамс, Шуберт, Фон Ајнхем. Пoчетокот на концертот е во стандардниот фестивалски термин од 21 часот.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје