Важна вест за возачите
Поради магла намалена е видливоста на планинскиот премин Плетвар на 70 до 100 метри, на патниот правец Маврово – Маврови Анови видливоста е од 10 до 15 метри и на патот Тетово – Попова Шапка каде видливоста е од 20 до 30 метри, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на патиштата во западниот дел од Македонија се одвива по влажни коловози, а во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.
Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража, но не се задржува на коловозот.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на правците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони. вг/18:56
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста