Вакцинација против беснило кај домашни миленици во кумановско
Редовно тече вакцинацијата против беснило кај домашните миленици во Куманово и соседните општини, информираат денеска надлежните од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“.
За оваа намена, соопштија од центарот, формирани се екипи кои ги вакцинираат кучињата по однапред определни реони во градот, приградските населби и селата во кумановско.
Сопствениците веќе се информирани и дел од нив самите ги носат домашните миленици во центарот за вакцинација
- Сопствениците веќе се информирани дека вакцинацијата против беснило е започната. Вакцинацијата почна навреме во јануари и досега се спроведува тековно по планот и програмата, изјави ветеринарниот лекар Димитар Венев, од ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков„ од Куманово.
Според проценките на стручните служби од центарот со вакцинација треба да бидат опфатени помеѓу 2.000 и 2.500 кучиња. Центата на вакцината против беснило, која вклучува и таблети против паразити изнесува 500 денари. Вакцинацијата е редовна и се спроведува во периодот од јануари до мај.
Ново на Сител
-
Шокаровски – Ова е оркестрирана хајка за уништување на државната Кардиохирургија
-
Матичните лекари реагираат за најавените казни за пречекорувања при давањето терапија на пациентите
-
Преглед на вестите од светот
-
Отчет на претседателката на Уставниот Суд, Добрила Кацарска
-
Шокаровски: Моето разрешување е незаконско
-
Стоилковски: Од вчера не работат апаратите за компјутерска томографија
-
Таки Фити: Внимавајте со трошењето и задолжувањето на државата
-
Студентите од Штип во Кариерен центар на УГД