В понеделник ќе гласаат 716 лица во самоизолација, а во вторник 8.852 болни, немоќни и хронично болни
Општинските изборни комисии прифатиле 716 барања од лица позитивни на коронавирусот или во самоизолација за гласањето што треба да се спроведе в понеделник на 13 јули во рамки на предвремените парламентарни избори в среда на 15 јули.
До ОИК пристигнале преку 770 вакви барања, а од вкупно 80 општини во 57 ќе гласаат заболени од Ковид-19 и лица во самоизолација.
Според информациите од ДИК, се финализира комплетирањето на посебните избирачки одбори кои треба да го спроведат ова гласање, а се составени од тројца здравствени работници и претставници на политичките партии.
Во вторник, на 14 јули ќе гласаат болните, немоќните, хронично болните, лицата во затворите, во старските домови и во домашен притвор.
Според информациите од ДИК, од пријавени 9.499 болни, немоќни и хронично болни лица во ОИК прифатени се барањата на 8.852 лица кои согласно упатството на Комисијата поднеле соодветна медицинска документација за да докажат дека имаат потреба од гласање во сопствениот дом. Гласањето во вторник ќе го спроведат избирачките одбори.
Ново на Сител
-
Две недели операциони сали под клуч - Решение на повидок нема!
-
Момче загина од удар на гром
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството поднесе обвинение за убиството на Вања и Панче
-
Уставниот суд избира претседател
-
Општина Штип за првите 4 месеци прибра 30% за данок на имот
-
Волонтерите од Црвен Крст од Струмица со мали проекти ги поттикнуваат хуманите вредности во заедницата
-
Преглед на вестите од светот