УНЕСКО вклучи нови објекти во списокот на светско наследство
жОрганизацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), вклучи нови објекти во списокот на светско наследство, јави ДПА.
Меѓу нив е местото Бетани, на Западниот Брег на реката Јордан, каде Јован Крстител го покрстил Исус Христос.
Одлуката беше донесена од Меѓународниот комитет на УНЕСКО за зачувување на културното наследство, на состанок во Бон, Германија.
Јамајка се здоби со прв објект во списокот - Блу Маунтин, планински регион во југоисточниот дел на островот, каде засолниште наоѓале локални Индијанци, а потоа и избегани африкански робови.
УНЕСКО во списокот на културно наследство вклучи и објекти на италијанскиот остров Сицилија, катедралите во Чефалу и Монреале.
Историскиот центар на јеменската претолнина Сана беше вклучен во меѓувреме во списокот на светско наследство на УНЕСКО, што е во опасност. Тоа се случи поради конфликтот во земјата, како резултат на што беа нанесени сериозни штети на Стариот град на Сана.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста