УХМР со нови информации - еве какво време не очекува до крајот на денот
ВРЕМЕТО ДЕНЕС
Сончево и многу топло со мала локална облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови имаше слаб развој на нестабилна облачност со краткотраен локален дожд и со грмежи, која повќе беше застапена во источните и југоисточните делови на земјава. УВ=9
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ
До крајот на денов се очекува постепено стабилизирање на времето. Ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ
Претежно сончево и многу топло, со слаб ветер од западен и јужен правец. Во попладневните часови локално ќе има повторна слаб развој на нестабилна облачнос која ќе биде проследена со краткотраен локален дожд и со ретки грмежи. УВ=9
Т-мин. од 13 до 22 а т-мин. 34 до 41 степени.
Во Скоје, попладне е можен краткотраен дожд со ретки грмежи. Т=20/39 степени.
УВ=9
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ
Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Дневната температура до среда ќе биде во благ пораст, при што во вторник и в среда во најтоплите делови повторно ќе го надмине 40-иот степен. Извесна промена на времето проследена со нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер засилен ветер се очекува в среда кон четврток. Ветерот ќе го промени правецот во северен а со тоа ќе има намалување на дневната температура за околу 5 до 7 степени. Намалувањето на дневната температура ќе продолжи и за време на викенд кога ќе има со локална нестабилност проследена поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.
Ново на Сител
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка