Уапсен Јорданец на студии во Скопје, еве што пронајде кај него полицијата
Над 133 грама мрихуана, двесеттина грама амфетин и 26 таблети „екстази“ полицијата пронајде и одзема од 29-годишен студент од Јордан со живеалиште на улица „Руѓер Бошковиќ“ во Скопје во Скопје.
Како што соопшти МВР за време на претресот кај М.А, на кој му е одреден 30 дена притвор, биле затекнати и лицата Ѓ.А. (31) од Куманово и Ж.М. (20) од Тетово со адреса на живеење во Куманово, а во текот на вршењето на претресот во домот влегол и Д.С. (19) од Скопје. Полициските службеници извршиле преглед кај овие лица. Притоа, кај Д.С. била пронајдено една кесичка со марихуана, која со потврда била одземена, додека кај лицата Ѓ.А. и Ж.М. не биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело.
Со потврда за оземени предмети полицијата одзела една дигитална вага со остатоци од марихуана и амфетамин како и огледало со остатоци од амфетамин и кокаин.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник кој избегал од кумановскиот затвор
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи