-->
-->
Турската полиција во акција во Истанбул привела 27 членови на ПКК
-->
Екипи на турската полиција денеска во повеќе акции низ Истанбул привеле 27 членови на Курдската работничка партија (ПКК) и на младинското крило на оваа органзизација, јави турската телевизија НТВ.
Акциите се преземени по добиени сигнали за планирани терористички акции од страна на ПКК во Истанбул.
Властите издале наредби за претрес на домовите на вкупно 35 членови на организацијата.
Акциите се преземени во 15 општини на Истанбул. При претресите на домовите на осомничените одземени се многу документи и дигитални материјали на ПКК.
ПКК, која од 1984 година води вооружена борба против турската држава, од Анкара, ЕУ и САД е прогласена за терористичка организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје