Македонија
27. јуни 2016 - 17:28

Турска делегација од Кочарли во посета на Кочани

Делегација од градот Кочарли од Република Турција, предводена од градоначалникот Мутлу Озтурк попладнево  ја посети Општина Кочани.

На официјалната средба со претседателот на Советот, Јордан Димитров и со секретарот на Општина Кочани, Петар Апостолов беа разменети мислења за можностите за соработка меѓу двете општини.

- Задоволство ми е што можеме да започнеме соработка со Општина Кочани. Со нас во Кочани е фолклорно друштво од Кочарли, така што пријателството ќе појде преку  културата. Нашата општина е претежно земјоделска и е позната по производство на ф’стаци. Имајќи предвид дека и Кочани е аграрен крај, се надевам дека ќе имаме можност да изградиме убава соработка меѓу општините и народот, рече градоначалникот на Кочарли, Мутлу Озтурк.

Претседателот на Советот, Јордан Димитров ја претстави Општина Кочани со карактеристиките и можностите за  соработка на економски, културен и спортски план, а гостите посетија и дел од рекреативно-туристичките капацитети во Кочани.