Турција изрази загриженост поради коментарите на САД за нејзината воена операција во Сирија
Турција го повика американскиот амбасадор Џон Бас во Анкара, со цел да ја изрази загриженоста на Владата поради коментарите на САД за операцијата на турската војска во северна Сирија, пишува весникот „Хуриет дејли њуз“.
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер, специјалниот претставник на претседателот на САД во коалицијата за борба со ИД Брет Мекгерк и други американски претставници ја повикаа Турција да престане да се бори со сириските курдски војници во северна Сирија.
- Ваквите изјави се неприфатливи, се вели во соопштението на портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Танжу Билгич.
Поплаките на Турција беа предадени синоќа на амбасадорот на САД Џон Бас од страна на Феридун Синирлиоглу, заменик-министерот за надворешни работи на Турција, пишува „Хуриет дејли њуз“.
- Целите на операцијата „Еуфратски штит“ се познати. Турција ќе ја продолжи операцијата се додека сите терористички групи не бидат отстранети од турската граница и престанат да претставуваат закана за турските граѓани, нагласи Билгич.
Тој исто така ги напомена очекувањата на Турција, САД да го одржи ветувањето сириските курдски сили да се повлечат на исток од реката Еуфрат.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова: Македонија е мое лично право на самоопределување
-
Министрите контра експертите за заклетвата на Силјановска Давкова
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија