Турција ги предупредува граѓаните: Не патувајте во Америка ќе има терористички напади
Според информациите на „Дејли Сабах“, Турција издала предупредување до нејзините државјани да не патуваат во САД поради зголемената опасност од терористички напади.
Како што наведува медиумот, предупредувањето денеска го издало Министерството за надворешни работи. Од таму, исто така, предупредиле дека Турците може да се соочат со незаконски притвор, вклучувајќи ги и државните службеници кои патуваат службено во САД.
Официјална Анкара наведува дека предупредувањето е издадено со оглед на зголемениот број на бомбашки напади, напади извршени со возила во толпа, напади насочени кон градските центри и културни настани, метро станици, јавни згради, па дури и училишни кампуси. Министерството ги споменува неодамнешните напади во кампусот на универзитетот во Охајо, аеродромот „Форт Лодердејл-Холивуд“, џамијата Дар ал-Фарук во Минесота, црквата во Тексас и подземната железница во Њујорк како пример за терор и екстремно десни расистички инциденти.
Во четвртокот, американскиот Стејт департмент издаде сопствена туристичка брошура со совети за патување во странство, каде што земјите се поделени меѓу четири категории од 1 (најбезбедно) на 4 (најмалку безбедни). Турција е во категоријата 3, заедно со Венецуела, Бурунди, Пакистан и Судан.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток