-->
-->
Тројца повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Скопје
-->
Три лица се повредени во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје што се случила околу 15 часот и 30 минути.
Во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот во близина на угостителски објект, се случила сообраќајката меѓу две патнички возила со тетовски таблички и тоа „фолксваген голф" управуван од 62-годишниот Ш.А. од тетовско Желино и „опел астра" што го управувал 58-годишниот тетовец Б.И.
-Во несреќата, возачот на „опелот" и сопатниците од „голфот" Б.А.(27) и 19-годишната А.А. од Желино се здобиле со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
-
Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп
-
Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам кој е најдобар тенисер во историјата
-
Управниот суд денеска ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт
-
Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување