Македонија
29. March 2024 - 16:55

Тројца млади лица загинаа во Кичево

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево во судар помеѓу две возила три млади лица го загубија животот, а четири се здобиле со тешки телесни повреди.

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 19 годишно лице од Кичево и патничко возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 32 годишник од кичевското село Трапчин Дол.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговиот сопатник, 20 годишно лице од село Трапчин Дол, додека другото лице им подлегнало на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на несреќата увид извршиле јавен обвинител и полициски екипи се со цел да се откријат причините за овој немил настан.